Со нож им се заканувал и ги малтретирал жената и трите малолетни деца – кривична пријава за тетовец

од Берта Китинска

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Ф.(42) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавениот, подолг период психички и физички ги малтретирал негова сопруга А.Ф.(38) од с.Палатица и нејзините три малолетни деца.

На 13.12.2019 во семејниот дом во с.Палатица, по претходна расправија, со нож ѝ се заканил по нејзиниот живот, информираат од МВР.

Слични содржини