Со овој гест, Хари и Меган сакаат помирување со принцот Вилијам и Кејт

од Vladimir Zorba

Помирувањето на принцовите Хари и Вилијам е се поизвесно, а новиот чекор направен од Хари и Меган го поддржува ова.

По повод десетгодишнината од бракот на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, принцот Хари и Меган лично им ја честитаа годишнината, потврди портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс кои сега живеат во Калифорнија.

Портпаролот на Сасекси одби да ја открие содржината на честитката, ниту зборуваше за тоа дали честитката е испратена во писмена форма или браќата и нивните жени разговарале по телефон.

Британските медиуми и нивните експерти за кралското семејство во овој гест гледаат подадена рака што Меган и Хари решија да им ја понудат на Вилијам и Кејт со кои не разговарале една година откако ги напуштија кралските должности и се преселија во Америка со синот Арчи.
Пред околу десетина дена Хари беше во Лондон, каде што дојде на погребот на својот дедо, принцот Филип и потоа беше снимен како разговара со неговиот брат Вилијам и неговата сопруга по погребот.

Врската меѓу двајцата браќа се влоши кога Хари реши да се повлече од кралските задолженија затоа што тој и неговата сопруга не можеа да издржат толку голем притисок во јавноста и медиумите, а подоцна во интервју дадено за Опра Винфри, открија дека не им се допаѓа ниту ставот и расистичките изјави на одредени членови на кралското семејство.

Данкан Ларкомб, автор на „Prince Harry: The Inside Story“, тврди дека на принцот сега му е жал за интервјуто и е засрамен, и тој се согласил на интервјуто само затоа што бил лут на односот на кралското семејство кон неговата сопруга.

Слични содржини