Со помош на овие совети спречете паѓање на косата во зима

од Elena Daskalova

Сосема е нормално во зима зачестено да паѓа косата, но ако забележувате дека тоа се случува многу повеќе од вообичаено, време е да преземете конкретни чекори во негата, за да спречите навреме.

Внесувајте повеќе витамини

Во зима има помал избор на свежа храна, но тоа не значи дека на вашето тело не му се потребни витамини и други хранливи материи, за да остане здраво. Негата започнете ја однатре, така што нема да претерувате со десерти, а во храната ќе внесете моркови, спанаќ, суви кајсии, јатки, авокадо, јајца, портокали, риба, печурки и млечни производи.

Променете го шампонот

Многу е веројатно дека шампонот кој го користевте пред да залади веќе не одговара на вашите потреби. Изберете соодветен шампон кој не содржи парабени и сулфати, бидејќи големата количина хемикалии нема да донесе ништо добро, туку само може да го засили ефектот од студеното време.

Користете маска за коса

Заедно со шампонот потребно е да користите и маска за коса, за да го засилите заштитното дејство врз влакното. Исто така, можете да направите маска и дома, на пример оваа кофеинска маска против сезонско опаѓање на косата, која одговара речиси на сите типови коса.

Избегнувајте стилизирање

Сите сакаме да имаме средена коса, но во овој период обидете се стилизирањето да го сведете на минимум. Користете ги фигарата, пресите и пеглите најмногу трипати месечно, за да не ја одземате влагата од влакното. Адаптирајте се на условите, немојте да бидете груби со вашата коса. Со помош на овие совети, сигурно ќе успеете и во зима да ја задржите нејзината мекост и блескавиот сјај.

Слични содржини