Со предложениот Ребаланс клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии и општество

од Vladimir Zorba

Ребалансот за 2021 е одраз на економските состојби, грижа во поглед на користење на јавните средства и нивно насочување кон реализација на поставените таргети, како и посветеност во справувањето со пандемијата, рече заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски.

„Притоа, останува заложбата да инвестираме во трајни добра со фукус на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина“.

Исврнувајчи се на економските случувања и фискалните движења во тековнава година, кои претставуваат основа за подготовка на ребалансот на буџетот 2021 година заменик министерот за финансии Ковачевски потсети дека во 2020 година БДП забележа реален пад од 4,5%, што било во рамки на очекувањата.

„Притоа, падот на економската активност можеше да биде подлабок, според процените приближно двојно поголем, во отсуство на државната поддршка преку четири пакети на економски мерки. Ваквата респонзивност на фискалната политика резултираше, пред се, со ублажување на падот на доходот, приватната потрошувачка и на вработеноста предизвикана од пандемијата, како и позначителен раст на јавната потрошувачка“, нагласи Ковачевски.

Ваквите постигнувања смета Ковачевски се препознаени и од претставниците на ММФ, при што во рамки на нивната мисија во мај беше изјавено дека макроекономските и финансиските политики за поддршка го ублажија влијанието врз економската активност во Северна Македонија.

Слични содржини