Со „шкода“ удрил во мечка на автопатот Скопје-Тетово, ја усмртил на лице место

од Nikola Popovski

МВР информира дека синоќа дошло до несреќа на патот Тетово-Скопје, откако 43-годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка.

-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Слични содржини