Со соодветна исхрана против стресот

од Vladimir Zorba

Во подобрувањето на менталното и физичкото здравје, покрај физичката активност, неопходна е балансирана исхрана, т.е. храна чии состојки ни помагаат, вклучувајќи храна богата со јаглени хидрати. Ако не се занимавате со физичка активност и сте под стрес, обидете се да го намалите препорачаниот дневен внес на калории од 2.200 на 1.700 калории дневно.

Триптофан е важна амино киселина која учествува во производството на серотонин, кој помага во регулирање на расположението и влијае на добриот сон. Кога консумирате храна богата со триптофан, како што се мед, банани и млеко, нивото на серотонин се зголемува во телото. Направете некое благо со овие намирници или консумирајте ги одделно и уживајте во слатки додека вашето ниво на стрес се намалува. За вистинските гурмани, постои кокосот и чоколадото кои исто така можат да го регулираат нивото на стрес, а во исто време да имаат одличен вкус.

Јаглехидратите се пожелни за нашето тело и не треба да се откажуваме од нив, бидејќи на тој начин се нарушува внесот на квалитетни калории. Нашето тело бара помеѓу 55 и 65 проценти од јаглехидратите, од кои шеќерите треба да бидат дури 10 проценти. Ако понекогаш ја достигнеме горната граница на препорачаниот дневен внес на калории, и имаме желба за слатки, тогаш е неопходно да се најде алтернатива. Слатките пијалоци што содржат нула калории можат да бидат одлична замена, и секогаш можете да користите засладувач и да уживате во сладок топол пијалок.

Не се откажувајте од слатките, туку бидете умерени во консумацијата на храна и комбинирајте. Ако го намалите дневниот внес на калории на 1.700, без да се откажете од слатките, ќе губите и до еден килограм неделно, што е добро за телото, а исто така ќе го намалите нивото на стрес.

Слични содржини