Со сваровски кристали, новата прва дама не е бледа сенка на Меланија

од Берта Китинска

Инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, штотуку заврши.

Церемонијата беше наречена „Обединета Америка“, но не е како претходните, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку церемонијата да ја следат преку Интернет во своите домови.

Заедно со новоизбраниот претседател е и неговата сопруга Џил Бајден, како и потпретседателката на САД – Камила Харис, а дамите се појавија во палта со средна должина и интензивни бои – виолетова и сино-зелена, со сличен крој. Палтото од твид го носеше новата прва дама на Америка украсено со детали направен од кадифен, а фустанот што може да се види беше дополнет со кристали Сваровски, дизајниран од дизајнерката родена во Колорадо, Александра О’Нил и која работи за младиот американски бренд „Маркаријан“.

Слични содржини