СО ТРИ ОДЕДНАШ: Позната СТАРЛЕТА ја заврши ВРСКАТА по втор пат, ја мамел и додека била БРЕМЕНА!

од Vladimir Zorba

Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томпсон повторно раскинаа, откако папараците го фатија како излегува од соба во Лос Анџелес со три непознати девојки, што според многумина доведе до распад на врската.

Се вели дека кошаркарот поминал половина час со овие три дами, по излегување во градот, додека бил со пријателите во еден бар непосредно пред забавата, а очевидци тврдат дека разменувал нежности со мистериозна жена.

Сето ова може да биде потенцијална причина за распадот на Томпсон и Клои, кои неодамна му даде уште една шанса, за која се чини дека зажали.

Да потсетиме, Тристан ја изневери Клои за време на нејзината бременост, поточно, тој беше виден со неколку непознати жени во интимно друштво. Потоа, во февруари 2019 година, тој беше фатен како се бакнува со Џордин Вудс, инаку најдобрата пријателка на сестрата на Клои – Кајли Џенер. Набргу потоа, тие раскинаа.

За време на пандемијата, Клои и Тристан го поминаа времето на изолација заедно со нивната ќерка, а Кардашијан тогаш веруваше дека тој навистина се променил, што таа го истакна во јавноста двапати.

Слични содржини