Со задоволство би прифатил да бидам уставен судија, вели Јовески

од Берта Китинска

Државниот обвинител Љубомир Јовески повторно изјави дека би прифатил да биде уставен судија, со оглед на сега веќе четири испразнети места во овој суд.

Во интервју за Телма, Јовески вели дека не знае дали собраниската Комисија за избори и именувања ќе го предложи за уставен судија и дали Собранието ќе го избере. Ама, како што посочува, доколку се случи тоа, тој би ја прифатил функцијата.

„И порано кажав дека, ако Собранието смета дека јас со своето искуство би можел да придонесам во работата на Уставниот суд, би го прифатил предизвикот. Навистина за секој правник е задоволство да ја заврши кариерата како судија во Уставниот суд. Но не знам дали Комисијата ќе ме предложи и дали Собранието ќе ме избере. Ако ме изберат, јас ќе ја прифатам функцијата“,рече Јовески.

Слични содржини