Соба со поглед на Земјата: Како ќе изгледа првиот вселенски хотел? (ФОТО)

од Nikola Popovski

Првиот хотел на човештвото во вселената ќе биде изграден оваа деценија, наведе групата што стои зад него, „Орбитал асембли“. Импресивниот хотел е на само неколку години да стане реалност.

Компанијата, основана пред три години, планира да започне со изградба на „Војаџер станицата“ во ниската орбита на Земјата во 2025 година и верува дека нејзиното меѓуѕвездено одморалиште може да започне со работа во 2027 година, објави „Дејли меил“.

Дизајните на идниот небесен хотел изгледаат космички елегантно: индивидуални капсули се прицврстени на ротирачко тркало, а цевките поврзуваат различни области, во форма на буквата „Н“, како оска на тркалото.

Гостите ќе имаат на располагање најразлични објекти на бродот, вклучувајќи тематски ресторани, сауна, кино, спортски сали, библиотеки, концерти, салони и барови со поглед на Земјата, со соби за 400 луѓе . Екипажот, просториите за воздух, вода и електрична енергија, исто така, ќе бидат дел од вселенскиот брод.

„Орбитал асембли“, исто така, се надеваат дека ќе продадат некои делови од хотелот на постојани заинтересирани страни, вклучително и владини агенции кои сакаат да го користат просторот како центар за обука или сопствениците кои сакаат да изградат вила на бродот.

Хотелот, наводно, ќе кружи околу Земјата на секои 90 минути, а ротацијата ќе создаде вештачка гравитација слична на таа на Месечината. Трошоците за изградба не биле обелоденети.

„Ова ќе биде следната индустриска револуција“, рече Џон Блинку, основач на Фондацијата Гејтвеј, која ќе управува со некои од капсулите на Војаџер, според „Дејли меил“. Аспектот на ротација е од витално значење, додаде тој. „Без гравитација, луѓето не можат да останат долго во вселенската станица. „Орбитал“ се стреми да овозможи повеќемесечен престој на „Војаџер“, вели Блинку.

Скелетот на Војаџер ќе биде изграден во орбитата од робот наречен STAR (Structure Trust Assembly Robot) откако компанијата ќе заврши со тестирање на гравитацијата.

Слични содржини