Собир за Универзална: Да бидеме солидарни за срцето на Скопје

од Берта Китинска

„На 6 август – четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје“, пишува на фејсбук страната Солидарни за срцето на Скопје

Повикот доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација.

Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат физичката дистанца и носат заштитни маски.

Слични содржини