Собирачите на телата на мртвите во Индија: „Навикнати сме да гледаме смрт“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Пред портите на Центарот „Сардар Пател“ за грижа на лица со попреченост, импровизирана болница изградена од владата во Делхи, на тротоарот лежи тело на жена (55). Нејзината ќерка (32) и нејзиниот внук тинејџер седат покрај нејзиното тело и плачат додека ги држат за раце. Еден час подоцна, пристигнува брза помош. Тројцата мажи излегуваат и носат опрема за лична заштита, пренесува Ал Џезира.

„Ова се случуваше секој ден во последните неколку недели и ние сме навикнати да гледаме смрт од вакви размери“, изјави возачот на брзата помош за Дип.

Пред пандемијата, Дипу ги возеше пациентите во болница. Денес, тој е еден од стотиците собирачи на тела на луѓе кои починале од коронавирус, додека Индија се бори со бесот на вториот бран на пандемијата.

Среде смртоносен наплив, пациентите се борат да добијат медицинска нега поради недостаток на болнички кревети и слабо снабдување со медицински кислород. Во такво сценарио, многумина прибегнуваат кон грижа за себе или за своите најблиски дома.

Здравствените експерти сметаат дека бројот на заразени со вирусот, како и бројот на смртни случаи се далеку поголеми од оние што и се прикажани на јавноста.

 

Слични содржини