Соблекувалната на Барса се врти против Меси

од Vladimir Zorba

Меси заминува или останува во Барселона. Ова е тема што во моментов е поважна во Каталонија од било што друго. Клубот ќе добие нов претседател во јануари, а сите кандидати веќе ветија дека ќе дадат се од себе за на крајот Меси да остане во тимот. Сепак, сето ова доведе до тоа ситуацијата во соблекувалната да не биде добра, а според некои гласини, некои луѓе јавно се спротивставија на Аргентинецот.

Шпанскиот весник „Диарио Гол“ утрово објави дека Меси нема добри односи со некои играчи и дека тие воопшто не комуницираат

Наводно, играчите кои се спротивставиле на Меси се Тер Штеген, Рики Паџ, Дембеле, Умтити и Жуниор Фирпо. Тие се вознемирени што Меси не донеl одлука за статусот во Барселона, па тоа го кажаle јавно во соблекувалната, за што Аргентинецот не беше многу среќен.

Меси ќе треба да одлучи наскоро, откако се чини дека заминувањето е подобра опција за него, но срцето го влече да остане …

Слични содржини