Собранието без кворум, власта најавува проширување на групата

од Берта Китинска

Собранието вчера не можеше да усвои ниту една од точките на 71 седница-и покрај тоа што пратеници беа присутни во собраниската сала, не можеше да се обезбеди кворум да се усвои било која од точките, па само се расправа по нив.

На седницата беа присутни пратениците од Алтернатива, но власта немаше мнозинство од 61 пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ одби да прави кворум, па гласањето за точките од дневниот ред Џафери ги одложи за другпат.

Од опозицијата реагираа дека владејачкото мнозинство не може да си ги собере пратениците во Собранието за да се стават на дневен ред точките.

„Парламентарното мнозинство е стабилно, безбедно и работи во интерес на граѓаните. Со политиките што ги спроведуваме може да има само индиции за негов раст“, рече Јован Митревски, пратеник на СДСМ.

За истата, 79-та седница, Собранието немаше кворум, по што собранискиот спикер Талат Џафери свика координативна средба на која рече дека доколку не се обезбеди кворум во Собранието, ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието.

Слични содржини