Собранието доби нов список, дел од пратениците ги повлекоа потписите

од Берта Китинска

Попладнево во Собранието е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата.

Според информациите во медиумите на новиот список нема 20 пратеници меѓу кои и двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов.

Ваквиот потег на опозицијата доаѓа по најавата на пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива дека ќе се повлече од иницијативата за гласање недоверба на Владата ако зад неа стојат пратениците на Левица.

Слични содржини