Собранието на жени во АА: Изјавите на Латас се второ силување за жртвата, Обвинителството и МВР да не одолговлекуваат

од Vladimir Zorba

Јавната изјава на Драган Павловиќ Латас, во која тој гордо признава тежок чин на силување е исто толку груба како и делото што го направил, се вели во реакцијата на Собранието на жени во Алијанса за Албанците за интервјуто на Латас со јутуберот Лазаров.

„Ваквите изјави се второ силување за жртвата, поттик за повторување на ваквите дела кај лица кои имаат исти диспозиции како Латас и треба да служат како аларм за институциите.

Ги повикуваме Обвинителството и МВР за овој случај да не се одолговлекува и да заврши како многу други случаи кои остаруваат и истекуваат по фиоки, туку, конечно, ваквите примери да ја добијат заслужената казна за да послужат како поука за другите.

Децата, жените и девојките во нашето општество се под постојана опасност, уште повеќе кога се јавно загрозени и девалвирани од луѓе со јавно влијание, а институциите молчат пред вакви случаи“, се додава во реакцијата.

Слични содржини