Собранието отфрли повеќе предлог закони поднесени од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Собранието на денешната 74-та седница отфрли повеќе предлог закони, поднесени од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата, пратениците по скратена постапка ги усвоија предлог законите за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители и на Законот за платите на јавните обвинители.

Исто така, пратениците ја донесоа и предлог одлуката за утврдување на висината на надоместокот на претседателот и членовите на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност и на претседателот и членовите на работните тела/комисии.

Пратениците не ги усвоија предлог законите за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, како и за изменување на Законот за заштита на децата. Не беа усвоени и предлог законите за дополнување на Законот за стоковните резерви, за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, за изменување на Законот за внатрешни работи, за изменување на Законот за заштита на децата, за изменување на Законот за јавните претпријатија, како и предлог Законот за дополнување на Законот за административни службеници и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието.

Слични содржини