11
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
На дневен ред се два предлог-заклучоци – за вршење надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност во нејзините простории и за вршење надзор над работата на Агенцијата за разузнавање.
Покрај ова, во Собранието ќе се одржи и презентацијата „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“, организирана на барање на Светска банка и Фискалниот совет.
Според најавите од собраниската прес-служба, на презентацијата ќе присуствуваат и членовите на Комисијата за финансирање и буџет.