Собраниските служби на Муцунски не му дозволиле да го внесе тротинетот во зградата

од Берта Китинска

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, пред почетокот на седницата се пожали дека имал непријатно искуство со собраниските служби.

-Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата. Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата.Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства, вели Муцунски.
.

Слични содржини