Сочувство од словенечкиот и од српскиот претседател по трагедијата во Тетово

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Во разговорот, претседателот Пахор во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените.

Во разговорот претседателот Пахор изрази солидарност и истакна дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.

Помош по трагичниот настан во Тетово понуди и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи.

Слични содржини