Софија го потврди својот став во однос на европската перспектива на Скопје

од Nikola Popovski

Бугарското министерство за надворешни работи го потврди сегашниот став за европската перспектива на С. Македонија и останува отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на Европската унија за изнаоѓање заемно прифатливи решенија, гласи соопштението во врска на денешниот Совет за општи работи во Луксембург, на кој присуствувал тамошниот заменик-министер за надворешни работи Румен Александров.

Тој потврдил дека владата продолжува да го следи ставот на Националното собрание за европската перспектива на Северна Македонија и продолжува со истражувачките консултации со Скопје во спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.

Претседателот Стево Пендаровски, претходно денес изјави дека во случај на де факто замрзнување на европската интеграција на неговата земја, наскоро треба да се оживее договорот за стратешка соработка со САД од 2008 година.

„Ова не значи дека се откажуваме од евроинтеграциите, но ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи“, рече Пендаровски на дискусијата за евро-атлантските перспективи на Скопје.

Претседателот исто така, за Агенцијата Анадолу изјави дека европските партнери на неговата земја и Брисел се виновни за одложувањето на почетокот на пристапните преговори.

На денешната дебата на Советот за Општи работи, разговорите меѓу министрите на членките на ЕУ биле интензивни. Бугарскиот претставник одбивал да попушти и порачал дека ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот помеѓу Скопје и Софија.

Најсилно притискала Германија, а нивниот министер за Европа, Михаил Рот, уште пред почетокот на состанокот се обрати и на твитер.

Слични содржини