Софија Кенин ја освои титулата на турнирот во Хобарт

од desk4

Софија Кенин го освои тенискиот турнир во Хобарт (Австралија) со награден фонд од 250.000 долари.

Во финалето, американската претставничка лесно ја победи Ана Каролина Шмиделова (Словачка) со 6:3, 6:0 за само 72 минути на теренот.

Дваесет-годишната Кенин, која се рангираше на 56-тото место на светската ранг-листа, ја освои својата прва ВТА титула.

Американката направи шест брејка против словачката тенисерка Шмидлова, кој пак освои гем на сервис на својата противничка само еднаш за целиот натпревар.

Кенин не изгуби сет на целиот турнир во Хобарт оваа година.

Слични содржини