Софија Милошевиќ откри детали за венчавката со Лука Јовиќ и објасни каков татко е тој

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Софија Милошевиќ, која се вери со фудбалерот Лука Јовиќ за време на пандемијата на коронавирус, а потоа го роди синот Алексеј, зборуваше во интервју за списанието „Стори“ за плановите за венчавка и свадба.

„Црковната венчавка ќе биде кај нас, а што се однесува до граѓанската, сакавме да биде на некоја егзотична дестинација, покрај море, но се откажавме. Единствено што знаеме е дека нема да имаме помпезна прослава, туку дека сакаме да прославиме во релативно мал круг на луѓе. Нашето здравје е на прво место, затоа ги одложивме сите планови се додека не се подобри епидемиолошката состојба“, одговори моделот на прашањето во врска со плановите за венчавката.

Потоа откри каков е Лука како татко.

„Жал ми е што не можам со зборови да објаснам колку прекрасен татко е Лука. Тој е целосно предан и посветен, јас сум навистина горда и среќна што имам таков човек покрај себе. Досега не поминало капење на бебето без негово учество. Тоа е нашиот ритуал во кој уживаме двајцата“, рече Софија.

Слични содржини