Софија Вергара се обиде да скрши орев со својот задник (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Настапот на кандидатот Мистер Чери во американската верзија на шоуто „Јас имам талент“, кој кршеше ореви со задникот, стана вирален хит. Не заради самиот натпреварувач, туку заради Софија Вергара која му се придружи на сцената.

Софија го праша натпреварувачот веднаш по настапот дали е навистина тешко да се направи тоа со оглед на леснотијата со која тој го изведе. Членовите на жирито и рекоа дека треба да се обиде сама за да се осигура.

Откако Хајди Клум ја охрабри, Софија се качи на сцената. Помошникот на Чери ја праша која страна од задникот ѝ е посилна.

Прво се обиде со левата страна, но наскоро испушти болен крик – „Леле, ова навистина боли“.

Видеото собра повеќе од сто илјади прегледи за само еден ден.

Слични содржини