Сојуз на средношколци: Не сме повикале на бојкот на наставата, секој ученик сам да одбере од каков учебник сака да учи

од Nikola Popovski

„Гледајќи ги многуте написи по медиумите кои велат дека средношколците организираат бојкот на наставата поради дигитализацијата на учениците, Сојузот на средношколци објаснува дека средношколците не организираат никаков бојкот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста. Сојузот никогаш не организирал ниту пак повикал на бојкот поради дигитализацијата на учебниците“, реагираа од Сојузот, откако министерката Мила Царовска соопшти дека опозицијата им испраќала пораки во еден по полноќ на учениците, да ја бојкотираат денешната онлајн-настава, поради дигитализацијата на учебниците.

Нивен став е дека секој ученик треба да го има правото да избере од каков учебник сака да учи.

„Но, ваквите повици за бојкот ги манипулираат и им штетат на средношколците. Многу ученици денес беа изманипулирани од страна на ваквите групи без да знаат за што точно се бојкотира или кој го организира тоа, затоа ги повикуваме образовните власти да ги оправдаат изостаноците. Ученици, овој бојкот е лажен и беспредметен!“, велат од Сојузот на средношколци.

Бојкотот на наставата доаѓа на еден месец кога средношколците ги прават последните подготовки за државната матура и интерните испити.

Слични содржини