Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое учат

од Берта Китинска

Сојузот на средношколци ги контактираше кандидатите за градоначалници на Скопје кои се натпреваруваат во вториот круг од Локалните избори 2021 година, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат средношколците околу јавниот превоз.

Имено, Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое учат, како и во текот на целата календарска година, а не како досега само во текот на учебната година.

-Сакаме да нагласиме дека средношколците не се образуваат само за време на учебната година, а средношколската возраст трае само 4 години и многу е важно во овој период учениците да ги имаат сите придобивки со цел непречено да се развиваат, созреваат и учат согласно нивната возраст и потреби.

За таа цел, на официјалните адреси за контакт  на двајцата кандидати на потпис им доставивме Меморандум со 6 точки, а од нив бараме да се заложат истите да ги исполнат доколку ја добијат поддршката да управуваат со Градот Скопје. Очекуваме во најскоро време и двајцата кандидати да го потпишат ваквиот Меморандум со што средношколците, нивните родители и професори може да бидат сигурни дека многу брзо ќе се реши овој децениски проблем на средношколците и нивното користење на јавниот транспорт, велат од Сојузот на средношколци.

Слични содржини