Сок од портокал – совршен начин да го започнете денот

од Elena Daskalova

Сокот од портокал е популарен додаток на појадокот во многу делови од светот, а причините за тоа се многубројни, од лесно будење, до ефикасно снабдување на телото со бројни хранлици материи.

Исто така, важно е да го цедите сокот од свежи портокали или да изедете една до две овошки. На тој начин на својот организам му обезбедувате:

Фолна киселина – неопходна за одржување на здрава ДНК, а кај бремените жени помага во правилен развој на плодот

Калиум – го контролира и регулира крвниот притисок, ги прави коските цврсти и го намалува ризикот од срцев удар

Витамин Ц – помага во зараснување на раните, ги чува непцата здрави и го подобрува имунитетот, чувајќи ве од инфекции

Антиоксиданси – помагаат во обновување и закрепнување на телото на клеточно ниво и го штитат од хронични заболувања

Многу е важно да се нагласи дека ова важи само за сокот од свежи портокали, но не и за неговите индустриски варијанти. Секако, ако додадете шеќер, сите овие хранливи вредности се губат.

Слични содржини