Сокот од домати може да ви помогне во намалување на крвниот притисок

од desk2

Новото истражување покажува дека конзумирање на една чаша сок од домати може да помогне во намалување на крвниот притисок, истовремено да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања.

Јапонските научници на ова истражување работеле една година, и откриле дека луѓето кои конзумираат чаша сок од домати еднаш дневно имаат понизок притисок. Истата група луѓе го стабилизирале нивото на холестерол, што е одлична вест за оние кои страдаат од срцеви заболувања.

Истражувањето кое го спровела американската организација CDC открила дека на годишно ниво само во Америка 610.000 луѓе умираат од срцеви заболувања. Секоја година, околу 730.000 Американци доживуваат срцев удар, од кои 525.000 прв срцев удар, додека 210.000 број на лица кои имаат срцев удар по втор пат во животот.

Во истражувањето со сокот од домати учествувале 481 луѓе, од кои 184 мажи и 297 жени. Им било дозволено во текот на една година да пијат колку што сакаат сок од домати дневно, и секој ден да забележат колку чаши испиле.

Важно е да се напомене дека доматите имаат и други здравствени придобивки. Богати се со антиоксиданси, помагаат при кардиоваскуларни болести и ги подобруваат шансите за зачнување.

Слични содржини