Соларна бура денеска ѝ се заканува на Земјата: Дали е време за паника?

од desk2

Интензивни налети на соларни ветрови се закануваат да направат голема штета на инфраструктурата што ја има изградено човекот, од вселенски објекти до сателитски инструменти во близина на орбитата на Земјата, до електричната мрежа на Земјата, особено во периодите кога е ослабен магнетскиот штит што ја поштедува Земјата од смртоносната соларна и космичка радијација.

Бран соларен ветер од дупката во сончевата атмосфера ќе го погоди магнетното поле на Земјата денеска, предупредува порталот SpaceWeather.com.

Според набљудувачите на порталот, налетот на соларна енергија што ќе се движи со брзина од над 420 км/ч се очекува денеска да го погоди магнетското поле на Земјата, што ќе резултира со помали геомагнетски бури и аурори помешани со невообичаено сјајна месечева светлина.

Ерупциите на магнетска енергија од површината на Сонцето, познати како соларни бури, повремено ја погодуваат Земјата и предизвикуваат помали геомагнетски проблеми, како прегорување на електрична и комуникациска опрема, попречување на работата на радарите, па дури и оневозможување на работата на цели електрични мрежи.

Земјата е генерално заштитена од вакви вселенски временски непогоди. Но, во време кога е ослабена магнетосферата на нашата планета, како на пример сега кога се придвижуваат магнетните полови на Земјата, последиците би можело да бидат катастрофални.

Слични содржини