Солидарност на дело: Македонските граѓани оставаат донации за најпогодените од земјотресот во Турција (ФОТО)

од Nikola Popovski

На скопскиот плоштад е отворен пункт по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На него граѓаните можат да донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што им е неопходно на луѓето кои се најпогодени од природната катастрофа.

Според тоа што може да се види, се покажува хуманоста и солидарноста на дело од граѓаните во земјава.

Пунктот ќе биде отворен 24 часа, а ќе биде во функција сè додека е потребно.

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 9.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

ФОТО: Локално

Слични содржини