Солидарност за настраданите во Турција или чистење на плакари? (ГАЛЕРИЈА)

од Nikola Popovski

Денеска на Плоштадот Македонија може да се види голем број на облека која е расфрлана на плочникот каде граѓаните изминативе денови оставаа помош за настраданите од разорниот земјотрес во Турција.

По она што може да се види, на Плоштадот се расфрлани многу облеки кои, од очигледни причини, волонтерите кои ја пакуваат помошта одлучиле да не ги искористат.

Стара и искината облека, стари чевли, искористени јоргани и останата „помош“ се гледа на плочникот, која, според граѓаните кои поминуваа на Плоштадот во центарот на градот, не е достојна за помош на луѓето кои загубија се во земојтресот.

„Солидарност за настраданите во Турција или чистење на плакари“, е една од најчестите констатации кои можеме да ги прочитаме и на социјалните мрежи.

Други, пак, ги обвинија самите волонтери дека ги бираат само „најубавите“ облеки, а другото не го земаат во предвид иако „помош си е помош“.

Глетката во секој случај не е пријатна и останува да видиме каде ќе заврши сета „одбиена помош“.

В.З. 

Фото: Локално

Слични содржини