„Солидарноста е темел на иднината“ е новиот мурал во Дом на Култура во Ченто

од Берта Китинска

„Солидарноста е темел на иднината“ е насловен новиот мурал кој во рамки на годинешното отворање на АКТО-Фестивалот на современа уметност, беше нацртан на Домот на Култура во скопската населба Ченто. Автор на муралот е Владимир Милиќ, а е направен во партнерство со Културно Ехо Скопје и Општината Гази Баба.

„Да не се заборави поплавата која ја зафати нашата Општина, елементарна непогода која не бираше нација, вера и политичка определба, а токму во тие моменти се покажа колку можеме да бидеме солидарни и да си помогнеме едни со други. Општина Гази Баба е мултиетничка средина, место каде што сите ние делуваме секојдневно и затоа мораме да ги почитуваме различностите и да си помагаме еден со друг“, напишаа на својот Фејсбук профил од ЈКП „Гази Баба 2007“.

Проект поддржан од Општина Гази Баба и Акто Фестивал, а реализиран со помош на невладината “Културно Ехо” како партнерска организација и ЈКП “Гази Баба 2007”.

 

Слични содржини