Солскјер: Еден тренер се пожали дека честопати свират пенали за нас, оттогаш гледам разликата

од Vladimir Zorba

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека е потешко за судиите да досудат пенали за неговиот тим, откако „еден тренер“ минатата година рече дека тимот на „Олд Трафорд“ добива многу пенали.

На Јунајтед му беа досудени 11 пенали минатата сезона, а само Лестер доби еден повеќе. Во текот на првите пет кола од новата сезона, судиите се уште не досудиле пенал за тимот од Манчестер, а Солскјаер смета дека требало да досудат три во последните две кола.

„Само се надеваме дека ќе го добиеме она што го заслужуваме. Требаше да добиеме три пенали во последните два натпревари. Еден тренер се пожали минатата сезона дека добиваме многу и после тоа изгледа тешко да се донесе таа одлука. Оттогаш гледам голема разлика, но мораме да ги прифатиме одлуките на судиите и да се надеваме дека ќе имаат правилни проценки“, рече тренерот на Јунајтед.

Иако не е јасно на кој тренер мислел, англиските медиуми шпекулираат дека изјавата се однесува на Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул.

„Слушнав дека Јунајтед добива повеќе пенали во последните две години отколку што добив јас во пет и пол години поминати во Ливерпул. Не знам дали зависи од мене или како е тоа можно“, се праша Клоп во март оваа година.

Слични содржини