Солскјер го спореди Рашфорд со Роналдо

од Maja Serafimova

Менаџерот Оле Гунар Солскјер го спореди Маркус Рашфорд со Кристијано Роналдо по силните месеци за англискиот репрезентативец од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Тој го постигна третиот гол во победата од 4-1 против Њукасл и остана водечки стрелец на тимот.

– Маркус е природен феномен. Тој се грижи за своето тело и напорно работи во теретана. Кога некој фудбалер има слични навики, на него му останува само доволно храброст, за да се искачи на врвот. Се сеќавам на друго момче, кое ја користеше својата глава при ситуации пред противничкиот гол и тоа е Кристијано. Во Јунајтед често ги споредуваме двајцата и мислам дека можеме да го сториме тоа за соодветната возраст, рече тој.

Менаџерот на Јунајтед го пофали и Антони Марсијал, кој има шест гола досега во сезоната во англиското првенство.

– На него само треба да му се подаде топката. Антони имапотреба од повеќе додавања кон себе и момчињата го знаат тоа. Тие треба да му подаваат и да тргнуваат во напад. За него е важно да ја допира топката честопати за да го почувствува движењето на натпреварот, додаде Солскјер.

Слични содржини