Солскјер: Гринвуд е подготвен да игра клучна улога за клубот

од Vladimir Zorba

Првиот гол на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд за сениорите при успехот од 1:0 на Астана во Лига Европа е ран доказ дека клубот имал право да му даде поддршка на тинејџерот по заминувањето на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Поддржувачите на „црвените ѓаволи“ ја доведоа во прашање одлуката на клубот да не привлекува замени за своите ѕвезди, кои заминаа за Интер – Лукаку трајно, а Санчез е ангажиран до крајот на сезоната. Солскјер ја задржа својата верба во производот на академијата и 17-годишниот напаѓач стана првиот играч на Јунајтед, роден во новиот милениум кој постигнал гол за сениорите. „Тоа беше вистинска одлука за мене“, рече Солскјер по мечот со Казахстанците.

„Тој ќе игра клучна улога оваа сезона. Тој сè уште нема многу минути, но ќе ја добие својата шанса и ќе продолжи да расте и да се развива. Свесни сме дека тој е еден од нашите најдобри стрелци. Ако сакате да успеете како играч на Јунајтед, треба да се справите со навивачите. Мејсон го победи натпреварот за нас, па затоа сме задоволни од неговиот настап“, додаде тој.

Извонредно успешните години на клубот, под водство на поранешниот менаџер Сер Алекс Фергусон, беа изградени на таленти на академијата, со тоа што Солскјер оди по сличен пат обидувајќи се повторно да ја врати титулата уште еднаш, откако доминираше во европскиот фудбал. Норвежанецот им дава шанси на младите и продолжи со својата политика против шампионот на Казахстан, откако Анхел Гомез и Тахит Чонг го направија и своето официјално деби за сениорската екипа.

Но, Гринвуд го украде шоуто, а соиграчот Маркус Рашфорд го поддржа, велејќи дека ќе се развива уште повеќе како играч.

„Тој одлично се снајде откако им се придружи на сениорите и сигурно ќе даде многу повеќе од самиот себе во иднина. Убеден сум дека тој е исто толку ентузијаст како и сите нас“, рече 21-годишниот Рашфорд.

„За никого не е изненадување кога младите добро настапуваат затоа што имаат одлична работна етика. Сите се подобруваат по пристигнувањето во сениорската екипа “, заклучи тој.

Слични содржини