Солскјер: Имаме многу играчи кои можат да ја решат утакмицата индивидуално, но и како тим сме сѐ подобри

од Stefanija Kuzmanovska

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер застана во одбрана на Бруно Фернандес по полошата игра во дербито со Ливерпул (0: 0). Португалецот, кој е главен играч на „црвените ѓаволи“ оваа сезона, беше далеку под неговото ниво на „Енфилд“. Ваквата игра, сепак, не го загрижува Норвежанецот.

– Бруно е во добра форма, тој ја освои и наградата „Играч на месецот“. Заморот не е причина за таквата негова игра. Тој е еден од оние играчи кои трчаат најмногу и покриваат голем дел од теренот. Од него се очекува да постигнува голови, да асистира, но не може секогаш да го стори тоа. Придонесува и во други сегменти – истакна Солскјер.

Јунајтед ќе игра со Фулам во среда (21.15 часот), во рамките на 18-то коло во Премиер лигата.

– Имаме многу играчи кои можат да ја решат утакмицата индивидуално, но и како тим стануваме сѐ подобри … Имаме играчи способни за тоа – јасен е менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Клубот од Олд Трафорд е лидер на шампионатот со 37 бода, два повеќе од градскиот ривал Сити, кој има натпревар помалку, пренесува СК.

Слични содржини