Солскјер направи нешто, кое не му тргна од рака ниту на легендарниот Сер Алекс

од Vladimir Zorba

МАНЧЕСТЕР Јунајтед победи на гостувањето кај градскиот ривал Сити со 2: 0 со головите на Бруно Фернандеш и Лук Шо.

Со денешната победа, Оле Гунар Солскјаер стана првиот тренер во историјата на Јунајтед, кој победил на првите три гостувања против Сити. Норвежанецот го освои „Етихад“ за прв пат минатата сезона во лигата, со резултат 2:1, потоа победи со 1: 0 во минатогодишното финале на ЕФЛ Купот, а третата победа ја запиша денес.

Интересно е и да се напомене дека Гвардиола водел повеќе од три натпревари против дури 67 различни тренери, меѓу кои Солскјер е единствениот кој има позитивен биланс против Шпанецот. Досега двајцата тренери се сретнаа осум пати, Норвежанецот беше подобар четири пати, а Гвардиола три, додека еднаш одиграа нерешено.

loading...

Слични содржини