Солскјер разговарал со Ериксен за можноста да премине во Јунајтед

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во текот на летото разговарал со Кристијан Ериксен за да открие дали Данецот сака да игра за „црвените ѓаволи“. Контактот бил направен, но не е зборувано за тоа Ериксен да дојде на „Олд Трафорд“ ова лето, туку Норвежанецот сакал да ја испита можноста дали играчот сака да премине во неговиот тим.

Договорот за плејмејкерот со Тотенхем истекува во летото 2020 година, а во ова време не се спроведени преговори.

Manchester Evening News тврди дека Солскјер зборувал конкретно со 27-годишниот играч за потенцијалниот трансфер следното лето. Се „начнала“ и темата за желбата на играчот да засили некого помеѓу Барселона и Реал Мадрид во Шпанија.

Токму Реал Мадрид е жестоко поврзан со преминувањето на Ериксен во шпанската престолнина, а „кралскиот клуб“ може да го направи трансферот до крајот на август, бидејќи прозорецот на Иберискиот Полуостров е отворен.

Италијанскиот шампион Јувентус, исто така, сака да го земе поранешниот играч на Ајакс, кој ќе може мирно да преговара од јануари, освен ако не потпише нов договор со клубот од Северен Лондон.

Слични содржини