Солскјер се обидел да го врати Санчез на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Манчестер јунајтед нема да може да го врати Алексис Санчез од Интер пред предвиденото време, бидејќи нема опција за предвремено прекинување на заемот меѓу двете екипи.

Според англискиот печат, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер се обидел да го врати Чилеанецот во тимот, иако има закуп за остатокот од сезоната, но неговите обиди удриле на камен.

Јунајтед изгледа целосно беспомошно во предните позиции, откако стана јасно дека поради повреда на грбот, Маркус Рашфорд ќе отсуствува во наредните 5-6 недели, што е повеќе од голем проблем за „црвените ѓаволи“.

Згора на тоа, тимот нема ниту еден чист централен напаѓач, откако направи грешка и го продаде Ромелу Лукаку на Интер во текот на летото, без дури и да обезбеди друга опција за нападот.

Самиот Санчез инаку беше повреден во последните неколку недели, но сега е здрав и подготвен да игра за гигантот од Милано.

Слични содржини