Солскјер се правдаше поради Роналдо, па ги загрижи фановите: „Не може секогаш да игра, јас ги носам одлуките!“

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа нерешено против Евертон (1:1) во последното коло пред да заминат на пауза за репрезентации, а после тој натпревар тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер беше на удар на јавноста.

Критиките беа насочени кон фактот дека тој го испрати Кристијано Роналдо на теренот едвај во второто полувреме, кој беше многу нервозен по натпреварот.

Португалецот луто го напушти теренот, и таа тема е повторно актуелна.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ ја објасни својата одлука пред натпреварот со Лестер во осмото коло од Премиер лигата.

– Јас сум тренер. Јас сум одговорен за играчите во овој клуб. Убаво е секогаш да го имаш Роналдо на теренот бидејќи тој секогаш ќе направи нешто. Тој е неверојатен професионалец, убиец пред голот и тешко е да го оставите надвор од тимот. Јас би бил најсреќен ако може да игра секој натпревар, но морам да ја гледам ротацијата. Мораме да ги имаме сите играчи подготвени до април или мај и не смее да се случи, како и минатата сезона, да го завршиме шампионатот уморни, рече Солскјер и додаде дека нема да може да смета на стоперите Мегвајер и Варан, како и Фред и Кавани.

Слични содржини