Солскјер: Среќен сум поради финалето, понатамошниот распоред го направија луѓе кои не играле фудбал

од Vladimir Zorba

И покрај поразот од 3:2 во Рим од Рома, фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија виза за Гдањск, каде на 26 мај ќе играат против Виљареал.

Оле Гунар Солскјер ќе има можност да го освои првиот куп со Јунајтед во улога на тренер.

– Добро е чувството да се биде во финалето. Одигравме едно добро полувреме на „Олд Трафорд“ и тоа не однесе понатаму. Разочаран сум што изгубивме сега, особено од тоа како игравме во второто полувреме вечерва. Лесно можеше да биде 8:6 за Рома! Беше чудна игра, постојано им ја дававме топка, но за среќа имаме еден од најдобрите голмани во светот. Ние сме во финалето и сите едвај го чекаме 26 мај – вели Солскјер.

Неговиот тим гоочекува исклучително зафатен распоред на натпревари во наредните денови.

Во недела ќе играат против Астон Вил, а два дена подоцна, во вторник на 11 мај ќе се сретнат со Лестер, а потоа во четврток на 13 мај ќе се игра одложено дерби со Ливерпул.

Логично е дека тренерот на Јунајтед е лут.

– Тоа е нечуено. Распоредот го направиле луѓе кои никогаш не играле фудбал на ова ниво. Физички е невозможно за играчите. Немавме среќа со тоа. Ќе ни бидат потребни сите играчи за четири натпревари во една недела. Нема многу време, но мора да бидеме подготвени – заклучи Солскјер.

Слични содржини