Солзавец на франкфуртскиот аеродром: медиумите пренесоа „напумпана“ вест

од desk2

Многу германски медиуми, утрово пренесоа вест дека на аеродромот во Франкфурт е пуштен солзавец и дека повеќе патници се повредени.


Оваа вест ја презедоа неколку агенции и светски медиуми.

Имено, нешто пред пладне, Bild објави вест со наслов „неколку повредени во напад со солзавец“.

Во веста Bild објаснува дека нападот се случил на аеродромот во Франкфурт, а се повика на tweet од извесен Макс Шнајдер.
Веста се прошири по германските медиуми и по Twitter, пред да стигне до меѓународните медиуми Daily Mail и кинеската Xinhua News.

Вистината за веста е дека се случило нешто помалку драматично. Противпожарни единици биле повикани на аеродромот откако неколку патници се пожалиле на проблеми со дишењето. Но, не е детектиран никаков гас во воздухот.

Чекирањето на патниците продолжило во 12.30, откако било затворено извесно време.

Федералната полиција објави дека шест патници биле медицински третирани, поради проблеми со дишењето, но изворот на потешкотиите не е познат, пренесе thelocal.de.

Слични содржини