Солзавец, тупаници и „крвав“ марш ширум цела Франција (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници луѓе во Франција протестираа денеска против воведувањето специјални ковид пропусници и во таа прилика дојде до конфликт со полицијата.

Демонстрантите маршираа низ Париз, а француската полиција, целосно опремена за немири, туркала некои демонстранти со тупаници и употребила солзавец против некои од нив, објави АП.

Околу 3.000 припадници на безбедносните сили беа распоредени во француската престолнина за време на третата сабота од протестот.

Полицијата зазеде позиции долж Јелисејските полиња за да ја заштити таа авенија од демонстранти.

Четири протести беа одржани во Париз, а маршеви беа одржани и во други градови низ земјата.

Во настанатиот хаос бил виден маж демонстрант со крв на главата.

Слични содржини