Солзи, тага и болка на погребот на холивудската легенда

Од филмската легенда Кирк Даглас во петокот се простија семејството и пријателите на гробиштата Мемориален парк Вилиџ Вествуд во Лос Анџелес.

Приватниот погреб се оддржа два дена откако актерот почина во својот дом во 104 година. На свечената церемонија присуствуваа неговата сопруга Ен, синовите Мајкл, Џоел и Питер, снаата Кетрин Зета-Џонс, внуците Камерон, Дилан Мајкл, режисерот Стивен Спилберг со семејството и останати блиски пријатели.

Сопругата на Кирк беше уморна од тага додека го испраќале ковчегот во колоната, а зад неа чекорале расплаканиот Мајкл и Кетрин. Тагата ја сокривале под очилата за сонце. Ен и Кирк заедно поминале 65 години брак.

Погребот го водел Рабинот Дејвид Волп кој со Кирк бил пријател 25 години.

– Имав привилегија да му рецитиран на хебрејски покрај неговиот кревет и да му го дадам последното поминување. Во последните денови беше дома, опкружен со семејството, во куќата полна цвеќе, држејќи се за рака со својата сакана сопруга – рекол Волп.

Слични содржини