Сомалија: Експлозии во главниот град, терористи зазедоа хотел

од Stefanija Kuzmanovska

Непознати напаѓачи презеле контрола врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, на кој му претходеле две експлозии на автомобили и истрели од огнено оружје, соопшти денеска полицијата.

„Два автомобили-бомби го нападнаа хотелот Хајат. Еден ја погоди оградата во близина на хотелот, а другиот ја погоди капијата на хотелот. Веруваме дека терористите се внатре во хотелот“, изјави за „Ројтерс“ локален полицаец.

И двајца разузнавачи потврдија дека дошло до инцидент.

Слични содржини