Сон и Кејн владеат со Лондон: Тотенхем го надигра Арсенал

од Nikola Popovski

Во големото лондонско дерби, тимот на Тотенхем го совлада Арсенал со 2-0, во рамките на 11-тото коло во Премиер лигата.

По 13. минута од играта, Тотенхем поведе преку волшебниот Сон. Фудбалерот од Јужна Кореја ја прифати топката, ја повлече, а потоа од далечина шутираше, при што Лено беше беспомошен.

Сон исто така играше важна улога во вториот гол на Тотенхем, во судиското продолжение од првите дел.

Тој го проигра Хари Кејн, а капитенот на „Мамузите“ ја заби топката во мрежата за 2: 0.

Немаше премногу возбуда во продолжението, поточно, ги немаше воопшто, освен еден обид на Арсенал, преку Александар Лаказет.

Во првиот денешен натпревар Кристал Палас го декласираше ВБА, додека Лестер го совлада Шефилд Јунајтед.

Слични содржини