Сончево со мала облачност, попладне дожд, грмежи и ветер

од Aleksandar Petrovski

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Слични содржини