Сончево со повисоки дневни температури, од недела уште потопло

од Nikola Popovski

УХМР инфомира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

„Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната температура ќе достигне до 8 степени“, велат од УХМР.

Температурата на воздухот од недека ќе биде повисока, поради струење на топол бран, и ќе се движи од 12 до 20 степени.

Слични содржини