Сончево со висока дневна температура, од утре врнежи

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени, соопштуваат од УХМР.

„Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени, јави УХМР.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег“, стои во соопштението.

Слични содржини