Сончево време, попладне краткотраен пороен дожд

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд попладне во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степени.

За следните денови, синоптичарите најавуваат стабилно време. Ќе биде сончево со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури. Услови за појава на краткотраен пороен дожд и со грмежи ќе има во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.

Слични содржини